Кармен Хименез (57) од Шпанија, пред точно 28 години на сите околу себе им соопштила дека по добиената повреда на очите останала слепа.
Скоро три децении подоцна нејзините најблиски верувале дека таа е слепа, а Кармен така се однесувала. Меѓутоа, смао се преправала и гледала совршено.
Но, зошто некој би се преправал цели 30 години дека е слеп?
Кармен тоа го објаснила со фактот дека ја мрзи да се јавува на луѓето на улица и да разговара со нив.
Нејзиниот сопруг на новинарите им рекол дека понекогаш му се причинувало како таа да гледа телевизија, но фактот дека воопшто не е слепа го шокирал.
Таа рекла дека никогаш не била социјална личност и дека и одговарала луѓето да мислат дека е слепа, за да не мора да разговара со нив и да ги поздравува оние кои не и се допаѓаат.
Кармен ќе мора да се сретне и со законот, затоа што како „слепо лице“ од државата имала финансиска помош.

