Царовска најави реконструкција на објект за проширување на капацитетот на детската градинка (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска по денешната средба со стечајните работници во Куманово, најави скоро решавање на проблемот со слабиот капацитет на детската градинка „Ангел Шајче“.

Царовска вели дека постоечки објект ќе биде реконструиран, а за таа активност наскоро ќе биде известена јавност подетално.

Во планот за јавни набавки постои реконструкција на постоечки објект во Куманово и за тоа ќе ве известиме дополнително по оваа прашање, постои план за јавни набавки, потпишани со договори и ќе си тече се тоа – вели Царовска.

 

Инаку во кумановските градинки има вкупно 1.804 деца, иако капацитетот е далку помал од тоа, велат надлежните.

Ова со години се провлекува во Куманово ова веќе не е проблем туку е алармантно затоа што бројката од 1804 деца кои ги имаме запишано стари и новозапишани е далеку над проектираниот капацитет кој е 1044 деца вклучувајќи ги тука и двата центри за ран детски развој во основното училиште 11-ти октомври и во подрачното училиште на Христијан Карпош во Иго Тричковиќ. Ова е проблем со години назанад и се надевам дека Владата ќе има разбирање за овој напши проблем и ќе ни излезе во пресред со предаптација, доградба или изградба на некоја нова градинка во локациите кои се неопходни за корисниците на нашите услуги – вели Марина Алексовска, директор на Установа за деца Детска градинка Ангел Шајче.

Инаку само оваа година во кумановските градинки се запишани околу 500 дечиња, иако надлежните велат дека таа бројка до септември ќе биде надмината.