Царинската управа поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово за обид за шверц на пиштол и муниција

Сподели со своите пријатели

Царинската управа на Република Македонија до Осноовното јавно обвинителство – Куманово  поднесена кривична пријава против физичко лице С.Б., македонски државјанин, кој на 23 април 2016 година на граничниот премин Табановце се пријавил за влез во Република Македонија со ТМВ-ло со привремени –„ЦОЛ“ германски регистарски таблици, информираат од Царинската управа.

При извршена царинска контрола во возилото, поточно полуприколката во просторот за складирање на палети од десната страна на возилото, покрај неколку кеси со алишта во најлонска кеса завиткан во крпа, пронајден бил непријавен пиштол марка „WALTHER P22“ како и 50 парчиња муниција марка „KNALL“ 9 мм. и 50 парчиња муниција марка „R100“.

Во друга црно-бела кеса помеѓу алиштата во шарена ракавица бил пронајден уште еден непријавен пиштол марка „WALTHER“ модел PPCAL 22 LR како и 40 петарди со фитил марка „Knallkorper Super-Boller II Feuerwerk (21510)“. На ваков начин осомничениот набавил и држел поголемо количество оружје, муниција и распрскувачки материи со што сторил кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.