Над 100 парчиња спортска опрема и околу 20.000 евра запленија цариниците на Граничниот премин Табановце деновиве во два различни случаи.
Во првиот случај запленети биле 112 парчиња спортска опрема, со потпис на „Најк“.
– Мобилен скенер на Табановце при контрола на товарно моторно возило заплени над 112 парчиња разна стока, во најголемиот дел спортска облека со потписот на „Најк“, што сторителот се обидел да ја шверцува во државата, информираат од Царинската управа.
Во вториот случај запленети се околу 20.000 евра.
– Мобилен царински тим при контрола на патничко моторно возило на влез во државата на граничен премин Табановце кај четворица патници, македонски државјани, откри вкупно 60 илјади евра. На патниците, согласно Законот за девизно работење вратени им се по 10 илјади евра, а останатите вкупно 20 илјади евра се запленети, стои во соопштението на ЦУ.
Никола Ивановски