Цариниците на Табановце запленија 12.000 евра и професионален фотоапарат (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела во неколку случаи цариниците на Граничниот премин Табановце запленија вкупно 12 илјади евра и дигитален фотоапарат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Во првиот случај од страна на мобилните царински тимови биле запленети 10.000 евра при контрола на македонски автомобил и личен претрес на возачот, македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце-автопат. При извршената контрола, кај возачот биле пронајдени 2.000 евра, а во фиоката за документи уште 10.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 2.000 евра,, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата. Поднесено било барање за поведување на прекршочна постапка.

 

Loading...

Devizi,mobilna

 

Во втор случај одземени биле 2.000 евра, откриени при личен претрес на двајца македонски државјани кои со бугарски автомобил се пријавиле за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат, стои во извештајот на Царинската управа. На прашање на цринските служабеници, двајцата патници пријавиле дека носат по 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во џеб од панталоните на сопатникот биле пронајдени 4.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата. Поведена е соодветна постапка за сторениот прекршок, велат од Управата.

 

Devizi,Tabanovce

 

Во рацете на цариниците паднал и еден дигитален фотоапарат, марка NIKON D750 со полнач, објектив NIKON 24-70mm F2.8G AF-S и 1 ранец. Откриени биле при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи сопственост на сопатникот во возилото, биле пронајдени во ранец сместен во багажникот на возилото. Истите привремено биле задржани, а против прекршителот била поведена соодветна постапка.