Цариници во кутија за чипс пронашле три кобри

Сподели со своите пријатели

Американската гранична полиција запленила три кралски кобри кои ги отркила во лименки за чипс во Јужна Калифорнија и привела ден маж.

Тој е обвинет дека во земјата илегално увезувал змии и други рептили, соопштило американското обвинителство.

Приведениот маж во пакетот, кој сакал да го испрати од САД во Хонг Конг, спакувал и шест заштитени желки, меѓу кои биле и пустинските и три точкасти, а таа пратка е пресретната и желките се спасени, пренесува CNN.

Кралските кобри се долги околу 60 сантиметри, особено отровни, може да пораснат и над пет метри и заштитени се како загрозен вид поради што не смеат да се извезуваат или увезуваат.

Граничната полиција ги запленила змиите затоа што претставуваат опасност за јавноста, а при претрес на домот на обвинетиот биле пронајдени уште неколку пакувања од Хонг Конг, кутии со бебе мексикански крокодил и големи кутии со десетина заштитени видови желки.

Приведениот при распитот признал дека претходно примил 20 кралски кобри, но дека загинале при транспортот.

Доколку го прогласат за виновен, тој би можел да добие максимална казна затвор од 20 години.

 

Loading...