Царината со рекорден ефект: Над 2 милијарди евра наплатени приходи

Сподели со своите пријатели

Со наплатени над две милијарди евра приходи, поднесени 181 кривична пријава и двојно повеќе заплени во однос на претходната година, Царинската управа бележи историски резултати, оценети како доказ дека институциите конечно функционираат и се ставаат во служба на граѓаните.

Loading...

Ова беше истакнато на прес-конференцијата на која премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Царинската управа Бобан Николовски презентираа податоци и мерки преземени во изминатата година.

„Во текот на изминатата година, наплатени се приходи, како што кажа и директорот, во висина од над две милијарди евра, а тоа се 105 милиони евра повеќе отколку во истиот период претходно. Тоа не е случајно. Тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење без калкулации, на борба со сивата економија и корупцијата, и на јасна политичка определба – парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови“, истакна премиерот Мицкоски.

 

 

Во сите категории се бележи раст на приходите: од царина за 15,2 проценти, од акциза за 7,1 процент, а приходите од данокот на моторни возила скокнале за 17 проценти.

Според директорот Николовски, ваквите резултати се постигнати како резултат на новата стратегија спроведена од јули минатата година, чија цел била иницирање „итни, но одржливи и видливи промени“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  За шест часа изречени 600 санкции за брзо возење

„Така, водени од визијата на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски за силна економска трансформација и жестока борба со криминалот и корупцијата, точно пред една година, по темелна анализа на состојбите во Царинската управа, развивме нова Стратегија која имаше за цел да иницира промени кои не само што ја обликуваат нашата сегашност, туку ја трасираат и патеката кон посигурна, побезбедна и поуспешна иднина за сите нас“, рече Николовски.

Резултати во борбата со криминалот: над 500 заплени, 181 пријава

Во изминатиот период, Царината евидентирала 520 случаи на заплени – речиси двојно повеќе од минатата година. Поднесени се и 181 кривична пријава против 307 физички и 99 правни лица, што претставува зголемување од четири и пол пати споредбено со претходната година, кога биле поднесени 42 пријави.

„Ова се историски резултати кои ќе се паметат во историјата на Царинската управа“, рече Николовски.

 

 

Запленети се 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога, 600 килограми анаболици, над 200 килограми лекови, 10.000 килограми суплементи, половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро и 400.000 парчиња цигари и пури. Во 94 случаи поврзани со повреда на права од интелектуална сопственост се запленети 180.000 парчиња стока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петрушевски на сесија за ефикасноста на институционалниот одговор за конфискација на криминален имот

Технологија и партнерства за безбедност и ефикасност

Со цел унапредување на контролата, Царината постави видео надзор и систем за препознавање регистарски таблички на сите гранични премини и терминали. Овие системи веќе се користат како доказен материјал во предистражни и истражни постапки.

Loading...

Дополнително, со грант од Кореја, изработен е нов напреден систем за анализа на ризик базиран на вештачка интелигенција. Со поддршка од ЕУ се работи на нов систем за контрола и истраги, кој ќе овозможи подобро управување со случаите и имплементација на форензичка анализа.

Модернизација и дигитализација со меѓународна поддршка

Во рамки на проекти вредни 24,4 милиони евра (финансирани од Буџетот, ЕУ, Кореја и Светска банка), Царината спроведува серија активности: модернизација на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, подготовка за отворање на нов граничен премин Клепало (со Бугарија), реконструкција на Маркова Нога (со Грција), како и нов „паметен“ систем за ваги и рампи на Делчево.

Во тек е и поставувањето на Националниот едношалтерски систем, како и новиот систем за регистрација на економски оператори (ЕОРИ 2), кој треба да го усогласи царинското работење со европските стандарди.

Законски измени и борба со корупцијата

„Во изминатиот период во Царинската управа интензивно работевме на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто веќе е изготвен и очекуваме да стапи на сила до крајот на оваа година“, рече Николовски, потенцирајќи дека целта е целосна дигитализација на процесите и полесна интеграција во пазарот на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово меѓу потенцијалните локации за изградба на гасни електрани

Во борбата со корупцијата, Царината е рангирана на 5-то место од 72 институции од страна на ДКСК. Донесена е трогодишна Стратегија за интегритет и Акциски план, а веќе се преземени дисциплински мерки и откази против вработени што постапувале спротивно на законот.

Инвестиции во кадар и институционален интегритет

Николовски подвлече дека успехот се должи и на мотивацијата и посветеноста на вработените. „Новата униформа која од минатата недела ја носат царинските службеници конечно претставува интегритет и професионалност во службата“, додаде тој.

На крајот од излагањето упати благодарност до министерката за финансии и премиерот за континуираната поддршка: „Ветуваме пред Вас и пред целата јавност дека на овој начин ќе продолжиме да делуваме во иднина и ќе продолжиме во континуитет да испорачуваме подобри резултати.“

Премиерот Мицкоски го заокружи обраќањето со порака:

Loading...

„Ова не се само бројки. Ова е доказ дека Македонија се буди, дека системот конечно проработува. Ова е потврда дека ги градиме темелите на промените.“