Дваесет и петгодишник од Куманово бил приведен, под сомнение дека со уште едно лице оштетиле гуми на паркирано возило.
– На 31.12.2025 во 04:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.С.(25) од Куманово. Тој бил фатен вденаш откако заедно со уште едно лице на паркинг простор пред зграда на ул.„Лесковачка“ со остар предмет оштетиле гуми на патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на К.М.(46) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, тие повеќе пати оштетувале гуми на истото возило.
– По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

