Бурата Ото предизвикува хаос во Скандинавија

Сподели со своите пријатели

Во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, додека норвешките фериботи се откажани кога бурата Ото беснееше низ Скандинавија, пренесува „Би-Би-Си“.

Loading...

Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на полуостровот Јитланд.

Градежна компанија од Копенхаген евакуираше 280 жители од три станбени блокови, предупредувајќи дека невремето може да ги урне.

Станува збор за станови од 1950-тите, изградени со грешки и не можат да издржат силни ветрови.

Додека невремето се движеше источно од Норвешка, мостот Оресунд, преку кој минува и возот, беше затворен.

Железничките линии меѓу Малме и Гетеборг беа откажани, а возачите беа повикани да не патуваат.

Авионот на шведскиот премиер Улф Кристерсон мораше да се врати назад и принудно да слета на аеродромот во Стокхолм во петокот попладне, објави шведското државно радио.

Причината за тоа, сепак, била лажна тревога предизвикана од сопирачките на авионот, па нема индикации дека авионот принудно слетал поради невремето.

Loading...