Бурата Карл носи опасност од поплави во Мексико

Сподели со своите пријатели

Тропската бура Карл денеска полека се движи кон јужниот брег на Мексико во Тихиот Океан и не се очекува да достигне сила на ураган, но синоптичарите предупредија на ризик од поплави поради обилните дождови во регионот.

Loading...

Се очекува бурата да ослаби пред да стигне до мексиканските држави Веракруз и Табаско доцна денес или утре рано наутро, објави АП.

Бурата Карл доцна во четвртокот имаше максимални постојани ветрови од 75 километри на час, соопшти американскиот национален центар за урагани.

Невремето може да донесе обилни врнежи од осум до 18 сантиметри на квадратен метар во делови на Веракруз и Табаско, како и во северните мексикански држави Чиапас и Оахака во недела наутро.

Врнежи од 25 сантиметри на квадратен метар се очекуваат само во ограничена област во Мексико, соопшти Националниот центар за урагани.