Бункер 42 е најдобро чуваната тајна на Москва

Сподели со своите пријатели

Бункерот 42 е дизајниран и изграден по првите нуклеарни тестови на поранешниот Советски Сојуз – кога се утврдило дека засолништето мора да биде направено на длабочина од најмалку 50 метри под земјата за да се избегнат последиците од ударот и радиоактивното зрачење.

Loading...

 

 

Русите се соочиле со огромен предизвик – морале да изградат монументална и безбедна градба според одредени спецификации под градските улици, без да ја нарушат постојната инфраструктура и без да ги откријат граѓаните и политичките непријатели, пишува Пун куфер.

Од стратешки причини и близината на московскиот Кремљ, Бункер 42 почнал да се гради во подножјето на еден рид во областа Тагански.

Изграден е до 1956 година и за среќа никогаш не бил целосно искористен за својата примарна функција.

 

Loading...

 

За време на Студената војна, тој бил командна база која ги надгледувала авионите што превезуваа чувствителен товар како нуклеарно оружје.

Денес овој простор е претворен во споменик и музеј наречен Бункер 42, кој одговара на прашањето како изгледал животот зад Железната завеса.

 

 

На секој посетител му била дадена тајна влезна карта, се симнувал на 18 ката под земја и го обиколувал просторот каде 30.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат на светлина.

Loading...

Во рамките на музејот има ресторан со руски специјалитети, а просториите се изнајмуваат за хеви метал групи, тим билдинг, свадбени церемонии, деловни конференции и слични настани.