Булдожер управуван од израелските одбранбени сили (ИДФ) наишол на експлозив додека се обидувал да урне куќа на Западниот Брег.
„Инженерските сили открија експлозиви наменети да им наштетат на нашите сили во бегалскиот камп во Џенин“, се вели во ажурираното соопштение.
Се појави и видео на кое се гледа моментот кога еден од булдожерите наидува на експлозија.
Следеа судири, при што ИДФ употреби дрон за да ги елиминира „вооружените Палестинци“.
Дополнителни извештаи велат дека двајца Палестинци биле убиени во судирите кои следеле, иако тоа не е потврдено.
„Традиционална израелска казна“
На локацијата каде што се случила експлозијата биле испратени булдожери по наредба на израелската централна команда за уривање на куќата на Дауд Фаиз.
Израелците тврдат дека Фаиз „убил израелски војник“ откако удрил со својот автомобил во него на почетокот на оваа година.
Уривањето на семејните домови е „традиционална израелска казна“, која особено се користи во случаите наречени „терористички“.
Израелскиот Комитет против уривање на домот проценува дека Израел урнал 55.048 палестински згради од 2022 година, пренесува Sky News.
IDF says troops operated in the West Bank’s Jenin refugee camp overnight, with D9 bulldozers uncovering and destroying dozens of IEDs. Troops also clashed with gunmen, and the IDF says it carried out a drone strike against a group of armed Palestinians who were shooting at… pic.twitter.com/nUDB1lcZ4q
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 9, 2023