Бугарија сака да посредува меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

На претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, Бугарија ќе предложи мировни преговори меѓу Русија и Украина, во кои Софија би можела да биде посредник, изјави претседателот на бугарската преодна влада Димитар Главчев.

Loading...

„Бидејќи се разговараше вчера на пленарната седница на парламентот, мислам дека треба да предложиме одржување мировни преговори меѓу Русија и Украина, во кои Бугарија би можела да биде посредник“, рече Главчев, пренесува Н1.

Главчев посочи дека разговорите треба да се водат во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, пренесе ТАСС.

Бугарскиот премиер рече дека за време на самитот Бугарија ќе објави 80 милиони евра помош за Украина, но дека националниот парламент допрва треба да го одобри овој чекор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грчката полиција уништи 8.300 нелегални растенија канабис одгледувани на поле со пченка

Премиерот не прецизираше за кои цели ќе се користат овие пари.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули.