Бугарија од 1 јануари ќе го воведе еврото?

Сподели со своите пријатели

Европската Унија ќе го одобри усвојувањето на еврото од страна на Бугарија на 1 јануари 2026 година, со што земјата ќе стане 21-ва членка на европската монетарна унија, пишува Политико.

Loading...

Неколку функционери изјавија за Политико дека по години чекање, се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно да го дадат својот благослов за извештајот, кој ќе биде објавен следната среда.

Воведувањето на еврото во Бугарија треба да ја зајакне трговијата со остатокот од блокот, да ги намали трансакциските трошоци и да го зајакне бугарското влијание во Брисел.

– Приклучувањето кон Еврозоната само ќе го зајакне бугарскиот суверенитет, ние ќе учествуваме во процесот на донесување одлуки на ЕЦБ – изјави бугарскиот економист и поранешен вицепремиер Атанас Пеканов за Политико, пренесува Пословни.хр.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Не смееме да дозволиме Брисел да ни земе уште пари, тоа може да нè вовлече во трка во вооружување

Со децении бугарскиот лев беше врзан за еврото, но земјата немаше право на глас кога стануваше збор за монетарната политика на ЕЦБ бидејќи не беше членка.

Доколку Бугарија го усвои еврото како што е планирано во 2026 година, шефот на бугарската централна банка ќе стане дел од Управниот совет на ЕЦБ.

Сепак, бидејќи Бугарија ќе биде само 13-та најголема членка на унијата, со помалку од еден процент од БДП на еврозоната, нејзиното влијание во Советот ќе биде ограничено.

Сепак, критичарите предупредуваат дека потегот носи одреден ризик.

Loading...

Воведувањето на заедничка валута би можело, на пример, да предизвика барем еднократно зголемување на цените, што особено би влијаело на посиромашните домаќинства во руралните средини, додека бизнисите би имале корист од промената на валутата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  12.000 денари месечно за учество во новите владини програми за обука

На среден рок, ниските локални цени имаат тенденција да се прилагодат на повисоките европски норми благодарение на зголемената трговија во рамките на блокот.

Ова е моделот во земјите што неодамна ја усвоија валутата, од кои сите се соочија со зголемена инфлација.