Бугарскиот парламент даде зелено светло за купување на вториот контингент од осум американски авиони Ф-16 во вредност од 1,3 милијарди долари.
Loading...
Земјата, која веќе нарача осум авиони Ф-16 пред три години, сака да ги замени застарените Миг-29 и да го усогласи своето оружје со стандардите на НАТО, објави Ројтерс.
САД веќе ја одобрија потенцијалната продажба.
Бугарија преговара и со Полска за купување на осум мотори кои ќе ја одржат оперативната флота на Миговите до крајот на 2023 година.
Првиот авион Ф-16 треба да пристигне во Бугарија во 2025 година.