Бугарија дозволи прелет на авионот, Сергеј Лавров доаѓа во Скопје

Сподели со своите пријатели

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека бугарските власти дозволиле авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да го прелета бугарскиот воздушен простор за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија.

Loading...

„Да, потврдуваме“, изјавија од руската амбасада за РИА на прашањето дали е вистина дека Бугарија дозволила авионот на шефот на руската дипломатија да прелета.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано претходно изјави дека дозволата за прелет на руското Министерство за надворешни работи не претставува кршење на антируските санкции.

Состанокот на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје од 30 ноември до 1 декември на барање на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.