„Фолксваген буба“ на која се потпишал рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, продадена е за 20.000 евра, а парите ќе бидат употребени во хуманитарни цели.
Кајсел во интервју за руски Комерсант, рекла дека возилото ќе биде продадено на аукција кон крајот на годината.
– Не ни припаѓаше нам, ја добивме само за венчавката и тој ден на гостите им рековме дека сакаме да ја продадеме во хуманитарни цели, рекла министерката Кнајсел.
Сеќавајќи се на вечнавчката, министерката навела дека и било јасно дека доаѓањето на Путин ќе го разбуди вниманието на медиумите.
– Владимир Путин, секогаш шармантен, го подели со нас тој среќен ден, додала таа.
Возилото е продадено за 20.000 евра.
Путин во август присуствувал на венчавката, а пред да си замине се потрпишал на „бубата“ и по руската традиција за венчавки, викнал „горко“, пишува агенцијата ТАС.
Тоа значи дека пијалаците се горки и дека парот би требало да се бакне за да ги „заслади“.