БРУНЕИ: На крадците им ги сечат рацете, а хомосексуалците ги каменуваат до смрт

Сподели со своите пријатели

Неверството или геј секс од среда на Брунеи ќе се казнуваат со камшикување или каменување до смрт.

Loading...

Имено, од 3 април во оваа мала земја богата со нафта и гас, стапува на сила третата и последна фаза од воведувањето на шеријатот, строгиот исламски законик, со кој силувањето, прељубата и содомијата исто така ќе се казнуваат со каменување до смрт.

Султанот од Брунеи, Хасанал Болкијах одобрил постепено воведување на шеријатскиот законик од 2014 година. Две третини од жителите на Брунаи, кои се наоѓаат на островот Борнео, се муслимани.

Брунеи исто така ќе стане првата и засега единствена земја во Азија во која се применува шеријатот, кој по дефиниција е божествен законик на исламот.

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенал“ и Обединетите нации изразија загриженост и повикаа на притисок на меѓународната заедница.

Стравичните закони ќе важат и за деца.

Loading...

Султанот Хасанал Болкијах, кој е на власт од 1967 година, голем е приврзаник за воведување на шеријатот во земјата со 450.000 жители.

– Воведувањето на шеријатот во нашиот кривичен законик е дел од божјата волја и ќе стане дел од големата историја на Брунеи, рекол тој.

Во првата фаза од воведувањето на шеријатот, хомосексуалноста се казнувала со десетгодишна робија.

Рејчел Чоа Хауард, експерт за Брунеи од „Амнести Интернешенал“, вели дека е неопходна брза реакција на меѓународната заедница.

– Брунеи мора веднаш да ги стопираат плановите за промена на кривичниот законик. Меѓународната заедница мора ургентно да ја спречи намерата на власта за кршење на човековите права, рекла таа.

СТРАВИЧНИ КАЗНИ

  • Кражба – сечење на десната рака
  • Повторена кражба – сечење на левото стапало
  • Геј секс – камшикување или каменување до смрт
  • Содомија – камшикување или каменување до смрт
  • Силување – камшикување или каменување до смрт
  • Имиграциски прекршок – камшикување

Хомосексуалноста е забранета во конзервативните општества ширум Азија, како Мјанмар, Малезија и Сингапур.

– Ова е ужасно. Брунеи ги имитираат најконзервативните арапски држави, рекол Деде Оетомо, еден од најпознатите индонезиски ЛГБТ активисти.

Loading...

Целосното име на владетелот на Брунеи е Хаџи Хасанал Болкијах Муизадин Вадаулах. Роден е на 15 јули 1964 година, завршила Кралска воена академија Сандхерст, има три жени, пет синови и седум ќерки.

Според „Форбс“ тој е тежок 20 милијарди долари. Најдогловечен владетел од сите монарси во светот по британската кралица Елизабета Втора. Тој е апсолутен владетел во државата.

Опседнат е со автомобили и има колекција од дури 7.000 возила. Меѓу другото има 604 ролс-ројси,574 мерцедеси, 452 ферарија, 382 бентлија, 209 БМВ-а, 179 јагуари, 134 кенигсег, 21 ламборџини и 11 астон мартин.

Leave a Reply