Бројот на жртви од екстремна топлина тројно зголемен во Европа во јуни

Сподели со своите пријатели

Поради климатските промени, бројот на жртви од екстремна топлина се зголемил тројно во Европа во јуни оваа година, според резултатите од студијата на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, која опфати 12 големи градови.

Loading...

Научниците проценуваат дека топлотниот бран е „тивок убиец“ кој одзел 2.300 човечки животи во 12 големи градови помеѓу 23 јуни и 2 јули оваа година, објавува лондонски „Гардијан“.

Милано беше најтешко погодениот град, каде што 317 од 499 смртни случаи се припишуваат на последиците од климатските промени, по што следуваат Париз и Барселона, објавува Танјуг.

„Оваа студија покажува зошто топлотните бранови се познати како тивки убијци. Иако само неколку стотици смртни случаи се пријавени во Шпанија, Франција и Италија, веруваме дека илјадници луѓе починале поради екстремна топлина“, рече Малколм Мистри, епидемиолог на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и коавтор на студијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван започна годишни воени вежби со симулирани напади врз воени штабови

Студијата покажа дека смртноста е поголема кај постарите луѓе – 88 проценти од смртните случаи во групата над 65 години се предизвикани од климатските промени.