Бројот на жителите на Ирак се зголеми на 45,4 милиони

Сподели со своите пријатели

Бројот на ирачки жители се зголеми на 45,4 милиони, според прелиминарните резултати од националниот попис, изјави денеска премиерот Мохамад Шија ал Судани.

Loading...

Пописот, спроведен на 20 ноември, беше првото национално истражување на Ирак во повеќе од три децении и претставува клучен чекор за идното планирање и развој, пренесува АП.

Регионот Ирачки Курдистан, кој не беше вклучен во претходниот попис од 1997 година, е дом на 19 милиони етнички Ирачани, со околу три милиони Курди на северот од покраината, пренесува АП.

Пописот значително ќе влијае на планирањето на развојот на земјата, додека етничките малцинства претходно изразија загриженост дека нивното политичко влијание ќе се намали и ќе добијат помалку бенефиции доколку се документира можен пад на населението.