Бројот на заразени со омикрон во Австралија сѐ поголем

Сподели со своите пријатели

Коронавирусот се шири во пабовите и клубовите во најголемиот австралиски град Сиднеј, а меѓу заразените се откриени три нови случаи на варијанта омикрон, меѓу луѓето кои биле на забава на брод во Сиднејското пристаниште.

Loading...

Властите ги ублажија ограничувањата во Сиднеј од почетокот на октомври, кога беше укинато речиси четиримесечното заклучување во градот за да се спречи ширењето на варијантата делта на коронавирусот, откако беа вакцинирани поголем дел од популацијата.

„Неодамна, ширењето на инфекцијата се зголеми на големи социјални настани, што секако придонесе за зголемување на бројот на новозаразени“, рече заменик-главниот директор за здравство во Нов Јужен Велс, Маријана Гејл во видео објавено на Твитер.

Десетици луѓе кои биле во паб во Сиднеј биле позитивни на коронавирус, а официјалните лица ги чекаат резултатите од тестот за да покажат дали има некој од нив заразен со варијантата омикрон.

Бројот на нови инфекции за еден ден во Нов Јужен Велс порасна со олеснување на ограничувањата. Во четвртокот се регистрирани 420 нови случаи на зараза, што е највисоко во последните два месеци, најмногу во делта варијанта.

Но, бројот на луѓе заразени со омикрон се зголемува откако Австралија го пријави својот прв случај пред две недели.

Досега се откриени 50 случаи, вклучително и три поврзани со забава на бродот во Сиднејското пристаниште.

Варијантата Омикрон е потенцијално многу позаразна од претходните, иако првичните знаци сугерираат дека се работи за полесна болест. Ниту еден од 151 лице хоспитализирани во Нов Јужен Велс не е заразен со варијантата омикрон.

Loading...

Австралија има многу поголем успех во справувањето со пандемијата од другите земји, со скоро 224 случаи и 2.082 смртни случаи, најмногу поради одлуката за затворање на границите.