Неделниот број на заразени со коронавирус во светот се зголеми за прв пат од крајот на јануари, објави во вторникот Светската здравствена организација (СЗО).
Во втората недела од март бројот на новозаразени е за осум отсто поголем во однос на претходната недела.
Европа: Ковид бројките растат во Германија, повеќе од 58.000 во Австрија
Во неделата од 7 до 13 март беа пријавени повеќе од 11 милиони нови случаи на коронавирус и 43.000 смртни случаи од инфекција или KОВИД-19.
Зголемување на бројот на заболени во однос на претходната недела е забележано особено во регионите на Западен Пацифик, 29 отсто и Африка, 12 отсто. Во Европа е забележан неделен пораст од два отсто.
Европа: Ковид бројките растат во Германија, повеќе од 58.000 во Австрија
Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија и Северна и Јужна Америка.
Вкупниот број на потврдени нови инфекции со коронавирус од почетокот на пандемијата достигна 455 милиони, а регистрирани се шест милиони смртни случаи.