Бројот на жртви од протестите во Иран се искачи на 5.002, соопшти во четврток американската новинска агенција „Активисти за човекови права“ (ХРАНА).
Според податоците собрани од оваа организација, вкупно 26.752 лица беа уапсени до 26-тиот ден од протестите низ целата земја.
Во извештајот се наведува и дека најмалку 7.391 лице е сериозно повредено за време на протестот.
Иран е потресен од бранови протести од минатиот месец, кои започнаа на 28 декември во Големата чаршија во Техеран, поради остриот пад на вредноста на иранскиот риал и влошувањето на економските услови. Демонстрациите подоцна се проширија и во други градови.
Иранските власти ги обвинија САД и Израел дека стојат зад она што го нарекуваат „вооружени бунтовници“, за кои тврдат дека извршиле повеќекратни напади на јавни места низ целата земја.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе „реагира силно“ доколку бидат убиени демонстранти, но подоцна го пофали Техеран за наводно откажување на стотици планирани егзекуции.

