Бројот на загинати во поплавите во Либија достигна три илјади

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинатите во поплавите во Либија достигна 3.000, додека уште илјадници се водат за исчезнати, соопшти министерот за здравство на либиската влада.

Loading...

Либиската Црвена полумесечина утринава соопшти дека градовите Дерна, Бенгази, Бајда и Ал Марџ, како и Суза се најпогодени од катастрофата, јави Анадолија.

„Статистиката ги вклучува сите погодени градови кои беа изложени на поплави“, рече изворот, истакнувајќи дека повеќето луѓе загинале од давење или уривање на станбени згради.

Во тек е спасувачката операција

Околу 7.000 семејства остануваат заробени во погодените области, рече изворот, додавајќи дека во тек се спасувачки операции за нивна евакуација.

Либиската Црвена полумесечина исто така загуби четворица од персоналот додека помагаше во спасувачките напори, додека уште еден се води како исчезнат.

Абдул Хамид Дбејбех, шеф на либиската влада на единство со седиште во Триполи, ги прогласи сите области изложени на невремето и поплавите за зони на катастрофа и прогласи тридневна национална жалост.