Бројот на загинати во Либија може да достигне 20.000

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од катастрофалните поплави по пукањето на браната во либискиот град Дерна би можел да достигне меѓу 18.000 и 20.000, изјави градоначалникот Абдулменам ал Гаити.

Loading...

Тој за телевизијата Ал Арабија изјави дека тие проценки се засноваат на бројот на градските области кои исчезнале во поплавите.

Во овој град досега се пронајдени тела на повеќе од 5.300 луѓе, изјави министерот за цивилна авијација во администрацијата што ја води источна Либија, Хихем Абу Чкиуат.

Најмалку 30.000 луѓе беа раселени

Тој додаде дека се очекува значително да се зголеми бројот на загинати во поплавите, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Морето постојано исфрла десетици тела“, рече министерот, наведувајќи дека обновата на Дерна ќе чини милијарди долари.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Либија во средата соопшти дека најмалку 30.000 луѓе се раселени во Дерна, градот најтешко погоден од бурата Даниел.