Бројот на загинати во Газа надмина 30.000

Сподели со своите пријатели

Најмалку 30.035 луѓе се убиени, а 70.457 се ранети во израелските напади во Газа од 7 октомври, според последните информации на Министерството за здравство во опколената енклава.

Loading...

Војната започна на 7 октомври кога милитантите од групата Хамас, која владее со Газа од 2007 година, го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници, според израелските власти.

Израел потоа изврши воздушна и копнена офанзива врз Газа во која бројот на загинати надмина 30.000, а бројот на раселени лица изнесуваше повеќе од два милиони.

Владата во Газа денеска соопшти дека израелската армија „намерно, планирано и ладнокрвно убила“ Палестинци кои чекале хуманитарна помош во Газа.

Околу 70 лица загинаа, а повеќе беа повредени во четвртокот кога израелските сили извршија напад врз Палестинците кои чекаа хуманитарна помош јужно од градот Газа.

Дваесет тела се пренесени во болницата Камал Адван, додека 57 се префрлени во болницата Ал-Шифа, се наведува во соопштението, а пренесува Ал Џезира.

Се зголемува бројот на загинати во израелската воена офанзива на Појасот Газа

„Како човечко суштество кое има чувства, тешко ми е да одам од изградба на вили и станови, кои ги сакам, до градење гробови“, изјави Ахмед, жител на Газа, во изјава за Ројтерс.

Вели дека сега секојдневно носи трупови и поворки на ужалени роднини.

Loading...

„Гледам различни луѓе, но со исти лица, со исто страдање. Тоа е депресивно“, рече Ахмед.

„Имаме две масовни гробници овде, скоро 80 ​​маченици овде и уште 100 маченици таму“, додаде тој.

Со цел да го „уништи Хамас“, Израел одговори со воздушен и копнен напад кој опустоши голем дел од палестинската територија. Министерството за здравство на Газа соопшти дека најголем дел од загинатите се деца и жени.

„Бројот постојано се зголемува. Посакувам да престанам да ја работам оваа работа“, рече Ахмед.

Откако Израел им наложи на жителите на Газа да се евакуираат на југот од земјата во бегалскиот камп Рафах, тие најавија копнен напад врз истиот, што беше осудено од меѓународната заедница како кршење на меѓународното хуманитарно право.