Бројот на загинати во Дагестан се искачи на 19

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во нападите врз две цркви, синагога и сообраќајна полициска станица во руската република Дагестан, на југот на земјата, денеска се искачи на 19.

Loading...

Напаѓачи вооружени со автоматски пушки во неделата вечерта нападнале синагога во Дербент, ја запалиле црквата и го убиле шеесет и шестгодишниот свештеник Николај Котелников.

Речиси истовремено, црква и полициска станица беа нападнати во Махачкала, 125 километри северно од Дербент.

Властите соопштија дека загинале 15 полицајци и четворица цивили, како и пет напаѓачи.

Гувернерот на Дагестан, Сергеј Меликов изјави дека во нападот биле вклучени странски сили.

Ова е обид да се наруши нашето единство, рече Меликов, пренесува Ројтерс.

Во Дагестан, чие население е претежно муслиманско, беше прогласена тридневна жалост.