Бројот на загинати од ураганот на Флорида се искачи на 23

Сподели со своите пријатели

Најмалку 23 лица загинаа во минување на ураганот Јан над јужната американска држава Флорида, соопштија властите.

Loading...

Меѓу нив има и неколку лица кои се удавија, се вели во соопштението на Одделот за спроведување на законот во Флорида (FDLE).

Некои медиуми јавуваат дека бројот на жртвите е уште поголем, па CNN јавува дека загинале 45 лица.

Во Флорида, покрај големиот број жртви, се вели дека е и материјалната штета од историски размери, бидејќи нивото на водата е без преседан, изјави гувернерот Рон ДеСантис.

Бурата Иан пристигна вчера со силен ветер и обилни дождови во државата Јужна Каролина откако уништи големи делови од Флорида и однесе десетици животи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го избра лојалистот од Флорида, Мет Гаец за јавен обвинител

Невремето вчера попладне по локално време дојде на копно во Јужна Каролина како ураган од прва категорија, со ветрови со брзина од 90 милји на час, според американскиот национален центар за урагани со седиште во Мајами.

Иако потоа ослабна во посттропска бура, со ветрови до 110 километри на час, врнежите што ги донесоа предизвикаа поројни поплави во државите Јужна Каролина и Северна Каролина, каде на некои места врнеа 20 литри дожд на метар квадратен падна за краток временски период.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика жителите да ги следат предупредувањата и препораките на локалните власти.

Loading...

„Тоа е опасна бура која носи силен ветер и многу дожд, но најопасна работа ќе биде човечката грешка. Бидете паметни, донесувајте добри одлуки, прашајте за вашите соседи и останете безбедни“, напиша гувернерот Хенри Мекмастер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две деца загинаа во експлозија во куќа, поранешно упориште на пакистанските талибанци

Бурата Иан ќе продолжи да слабее во текот на ноќта и ќе се растури над западна Северна Каролина или Вирџинија подоцна денеска, според Центарот за урагани.

Околу 575.000 домови и бизниси останаа без струја синоќа во Јужна Каролина, Северна Каролина и Вирџинија, објави специјализираната веб-страница која ги следи податоците за прекините на електричната енергија.