Бројот на заболени од коронавирус во земјава порасна на 26

Сподели со своите пријатели

Три новозаболени лица со коронавирус во земјава се регистрирани утринава.

Loading...

Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил, станува збор за тројцата пациенти од вчера, кои се водеа како сомнителни.

Тие се тестирале вчера во Клиниката „Жан Митрев“, а утринава се направени тестови и во Институтот за јавно здравје каде е потврден позитивниот резултат.

Со тоа бројот на заболени во земјава се искачи на 26.

Состојбата на сите заболени пациенти, како што соопшти министерот Филипче е стабилна.

Повеќе информации министерот ќе соопшти на прес-конференција во 14:00 часот.

Leave a Reply