Бројот на раѓања во Шкотска падна на најниско ниво во последните 169 години

Сподели со своите пријатели

Бројот на раѓања во Шкотска падна на најниско ниво во последните 169 години, откако во 2024 година беа регистрирани 45.763 живородени, што е намалување за 172 во однос на претходната година.

Loading...

Според податоците објавени од Националната канцеларија за статистика на Шкотска (NRS), ова е најнискиот годишен број од 1855 година, кога почна да се води евиденција за раѓањата.

Стапката на фертилитет, исто така, падна на најниско ниво откако се водат евиденции – само 1,25%.

Во исто време, бројот на регистрирани смртни случаи во Шкотска се намали за 2%, на вкупно 62.291. Шкотска последен пат имаше повеќе раѓања отколку смртни случаи во 2014 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Монах во Тајланд уапсен за проневера на донации

Филипа Хакстон, раководител на одделот за витална статистика во NRS, изјави:

„Годишните бројки за 2023 година покажуваат година со рекордно ниски нивоа. Раѓањата, стапките на фертилитет, мртвороденчињата и стандардизираните стапки на смртност сега се на најниско ниво досега. Овие податоци ги одразуваат долгорочните промени во нашето население. Шкотска регистрираше повеќе смртни случаи отколку раѓања повеќе од една деценија. Разликата се зголеми со текот на времето, но во изминатата година малку се намали поради стабилниот број раѓања и помалиот број смртни случаи.“

Зголемен број на бракови

За разлика од раѓањата и смртните случаи, бројот на бракови се зголеми.

Во 2023 година беа склучени 26.955 бракови, 202 повеќе од претходната година, додека 796 парови склучија граѓанско партнерство.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета: Речиси две третини од Французите сакаат распуштање на парламентот и нови избори

И покрај падот на стапката на наталитет, се очекува зголемената миграција да доведе до раст на населението во текот на следната деценија.

Според студијата на NRS објавена во јануари, се очекува населението на Шкотска да порасне од 5,4 милиони (евидентирани во 2022 година) на 5,7 милиони до 2032 година.

Ова се очекува и покрај предвидувањата дека разликата помеѓу бројот на раѓања и смртни случаи дополнително ќе се зголеми – на 27.400 до 2047 година.

„Позитивната нето миграција треба да ги компензира негативните природни демографски промени во тој период“, се наведува во извештајот.

„Во последниве години, и меѓународната и миграцијата во рамките на Велика Британија го зголемија населението бидејќи повеќе луѓе доаѓаат во Шкотска отколку што си заминуваат. Се очекува овој тренд да продолжи.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оваа држава со закон ги забрани мобилните телефони во училиштата