Бројот на повредени во пожар на гасовод во Малезија се искачи на 112, а 63 лица се хоспитализирани, соопштија локалните власти.
Претходно беше соопштено дека се повредени 33 лица, а шестмина се пренесени во болница.
Заменик-началникот на полицијата во државата Селангор во Малезија, Мохд Заини Абу Хасан, изјави дека во пожарот биле оштетени и 49 куќи, пренесе Ксинхуа.
Се наведува дека главниот гасовод е исклучен и дека пожарот ќе биде целосно изгаснат откако ќе се изгори преостанатиот гас.
Малезискиот премиер Анвар Ибрахим и нареди на државната влада да им помогне на жртвите од инцидентот.
„Ја барам државната влада и инволвираните агенции да обезбедат соодветна помош на евакуираните жртви“, рече тој.
Претходно денеска властите објавија дека избувнал пожар на гасовод со кој управува државната енергетска компанија Петронас во државата Селангор, во близина на главниот град Куала Лумпур, пренесува Танјуг.