Бројот на починати на овогодинешниот аџилак се зголеми на повеќе од 1.300

Сподели со своите пријатели

Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави министерот за здравство на Саудиска Арабија Фахад Ал Џалаџел.

Loading...

Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „патување на долги растојанија под директна сончева светлина“ без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и оние кои боледуваат од хронични заболувања.

Околу 83 отсто од смртните случаи се оние на кои не им било одобрено за аџилак, рече саудискиот министер.

Секоја година, десетици илјади верници се обидуваат да учествуваат на аџилакот без официјална дозвола, која се плаќа и се доделува според квоти, а која овозможува пристап до климатизирани простори, пренесува АП.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот, а секој муслиман кој е здрав и финансиски способен е должен барем еднаш во животот да ја изврши оваа верска должност.