Бројот на нови ковид случаи во Куманово се очекува да расте

Сподели со своите пријатели

Расте бројот на нови ковид случаи во Куманово во текот на изминатите денови, но според надлежните станува збор за пациенти со полесна клиничка слика.

Loading...

Како што информираше директорот на Центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи, зголемен е бројот на тестирања во текот на изминатите денови. Бројките на новозаболени се очекува да растат.

– По мој термин е зголемен бројот на тестирања, околу 30 до 40 на ден, колку што ни праќаат матичните лекари. Има зголеување и на позитивните. Мислам дека во следните денови ќе биде и покритично, ќе се зголеми бројката, изјави Љатифи.

Според Центарот за јавно здравје, има и реинфекции, но целосните анализи допрва ќе се прават.

Хоспитализирани тројца позитивни пациенти

Зголемен број на прегледи бележат лекарите во Општа болница Куманово, информираше директорката Снежана Захариева.

– Бројот на хоспитализирани со ковид е тројца, тоа се пациенти со коморбидитети, луѓе кои имаат други хорнични заболувања и развиле потешка клиничка слика и се кислородно зависни, рече Захариева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

На Инфективното одделение хоспитализирани се вкупно 10 пациенти, но не сите се со ковид. Меѓу нив има и со воспаление на бели дробори, труење со храна и дијареја.

– Расте бројот на прегледи, но не се сите со ковид, има зголемување на број на пациенти со стомачни тегоби, има стомачен вирус, има пациенти со фебрилни состојби, со симптоми на покачена телесна температуња, се прават тестирања, излегува дека имаат воспаление на бели дробови, но не се позитивни, значи дека тука има друг причинител, изјави директорката.

Loading...

Новите случаи се претежно млади лица

Просечно дневно има 10 до 15 прегледи на лица позитивни на ковид, зависно и од дневната статистика. Претежно станува збор за млади лица кои се вратиле од одмори.

– Просечно има по 30 прегледи дневно од кои обично во просек се 10 до 15 со ковид, зависно од бројката на позитивни, но одат затоа што ги упатуваат матични прегледи, за консултација, да земаат специфична терапија или само да се следи состојбата. Од тие во амбулански прегледи, поголемиот дел се млади кои даваат податоци дека биле во некој од туристичките центри на летување и по враќање дома пројавиле симптоми, појаснува Захариева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Со оглед дека станува збор за млади луѓе, симптомите се полесни и не се очекува некој значителен скок на хоспитализација.

Сепак, директорката на кумановската болница апелира позитивните да бидат внимателни и да не остваруваат контакти со други.

– Треба да бидеме претплазливи бидеји тие луѓе дома се во контакт со постари лица кои се хронично болни и ризични. Внимателно со контактите, оние позитивни да се стрпат додека тестот не биде негативен и тогаш да отпочнат со нормлани контакти и активности, рече таа.

Болницата има капацитети, но се надева дека ќе останат празни

Кумановската болница има просторни услови да згрижи повеќе пациенти, но надлежните се надеваат дека до такво сценарио нема да дојде.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

– Простор имаме, тука е модуларната се надевам нема да се отвори, но никогаш не може да се знае, можеби летото ќе биде стабилно, но на есен почнува училиште, се затвораме по дома. Да се надеваме дека симптомите ќе бидат полесни, така што матичен лекар ќе препише терапија, да се следи состојба, да се мери температура и како ќе оди клиничка слика да се бара лекарска помош во болница или амбуланта, рече Захариева.

Надлежните упатуваат апели да се носи маска во затворени простории каде има поголема фрекфенција на луѓе, додека на отворено нема опасност.

Loading...

Според последната статистика на Министерството за здравство, вчера во Куманово се регистрирани 19 нови случаи. Активни се вкупно 54, додека од почетокот на пандемијата се регистрирани 16.789 инфекции.

Од Центарот за јавно здравје посочија дека поголема бројка новозаболени се очекува и денеска.

Никола Ивановски