Бројот на коцкари во Холандија рапидно расте

Сподели со своите пријатели

Бројот на млади луѓе кои се коцкаат се искачи на речиси 300.000 во Холандија откако земјата го легализираше коцкањето преку интернет во 2021 година, соопшти холандската управа за игри на среќа.

Loading...

Бројот на активни онлајн сметки за коцкање регистрирани на млади од 18 до 24 години оттогаш се зголеми за 340 отсто на речиси 300.000, се вели во соопштението.

Една четвртина од активните онлајн сметки за коцкање припаѓаат на возрасната група од 18 до 24 години, што сочинува помалку од 10 отсто од возрасната популација во Холандија, објави NL Times.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во хотел на познат ски-центар: Пронајдени 12 мртви тела

Како што беше посочено, младите често имаат сметки на повеќе страници за коцкање.