Бројни авиокомпании ги откажаа летовите кон Израел и земјите од Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги прекинува летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, изјави денеска портпаролот на авиокомпанијата.

Тој додаде дека компанијата денеска и недела ги прекинува летовите до и од Дубаи, пренесува Ројтерс.

И „Ер Франс“ ги откажа летовите до и од Тел Авив и Бејрут што беа планирани за 28 февруари.

Авиокомпанијата „КЛМ“, според холандската новинска агенција, го откажала летот од Амстердам до Тел Авив по нападот во Иран.

Компанијата „Визер“ ги прекина сите летови до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман до 7 март, соопшти компанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ајатолахот и претседателот на Иран се префрлени на безбедна локација

Во соопштението се наведува дека авиокомпанијата будно го следи развојот на состојбите и е во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност на воздушниот сообраќај, безбедносните органи и надлежните државни институции.

Се додава дека оперативните одлуки ќе продолжат да се разгледуваат и дека распоредот на летови може да се приспособи во согласност со развојот на ситуацијата.

Ер Арабија исто така ги откажа летовите за Иран, Ирак и други делови од регионот.

И шпанската авиокомпанија „Иберија експрес“ го откажа летот за Тел Авив што беше планиран за денеска во 17 часот по локално време.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави претходно денеска дека Израел извршил превентивен напад против Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп во 2013 година: „Обама ќе го нападне Иран затоа што нема вештини“

Изворот потврди за Си-Ен-Ен дека утринава израелскиот напад врз Иран бил координиран со Соединетите Американски Држави.

Американските власти рекоа дека очекуваат нападот врз Иран да биде „далеку поопширен“ од американските напади во јуни минатата година врз иранските нуклеарни постројки.

Американските напади врз Иран се изведуваат од воздух и од море, изјави американски претставник за Ројтерс.