Бродот „Евер Гивен“ доби дозвола да отплови од Суецкиот канал

Сподели со своите пријатели

Товарниот брод „Ever Given“ доби дозвола да го напушти Суецкиот канал откако беше постигната вонсудска спогодба од 550 милиони долари.

Администрацијата на Суецкиот канал постигна вонсудска спогодба со сопственикот на бродот „Евер Гивен“ и осигурителната компанија од 550 милиони долари, јавува Ројтерс.

На бродот „Ever Given“, кој заглави во Суецкиот канал на 23 март, пловејќи со брзина поголема од дозволената, му беше дадена дозвола за пловидба.

Теретникот долг 400 метри, еден од најголемите во светот, беше заглавен во каналот шест дена.

За тоа време, тој го блокираше преминот за товарни бродови, цистерни за нафта и течен гас, што ги загрози и оваа зафатена трговска рута и светската трговија.

Leave a Reply