Брод што превезувал недокументирани мигранти потона утрово покрај брегот на округот Финике во Анталија, при што загинаа најмалку 15 лица, објави Хуриет.
Според првичните извештаи, во инцидентот се повредени најмалку 20 лица, а спасувачките операции на турската крајбрежна стража во областа сè уште се во тек.
Едно лице е приведено во врска со инцидентот, се вели во соопштението.

