Брод полн со автомобили се уште гори во Холандија. Не можат да му пристапат!

Сподели со своите пријатели

Бродот Fremantle Highway сè уште гори покрај холандскиот брег.

Холандската крајбрежна стража втор ден се обидува да го изгасне пожарот и да спречи еколошка катастрофа, но тоа е неуспешно бидејќи температурата е толку висока што не можат да пристапат до него.

Неколку од 23-те членови на екипажот беа повредени, а еден морнар загина. По натоварувањето во германското пристаниште Бремерхавен, бродот беше на пат кон египетскиот Порт Саид, а потоа кон Сингапур.

Превезува 2.857 автомобили, меѓу кои значителен број возила се произведени во фабриките на Мерцедес и БМВ.

Според информациите на холандската агенција АНП, кои се однесуваат на збор на член на екипажот, се чини дека еден од 25-те електрични автомобили се запалил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремното време во летото 2025 година ја чинеше Европа 43 милијарди евра

Но, официјалната причина за пожарот се уште не е позната.

 

 

Се заканува еколошка катастрофа

Освен човечка несреќа, на делот од морето под заштита на УНЕСКО му се заканува и еколошка катастрофа.

Станува збор за областа Ваденско Море, која е најголемиот непрекинат систем на меѓуплимни песочни и калливи рамници во светот.

Холандските власти се надеваат дека истекувањето на гориво нема да влијае на Ваденските острови.

Мерцедес соопштија и потврдија дека на бродот имало 300 нивни возила, а оттаму велат дека е покрената истрага.

БМВ достави и потврда, но не соопшти колку негови автомобили имало на запалениот брод.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зголемувањето на воените трошоци на НАТО би можело да произведе 1,3 милијарди тони дополнително загадување

Ford, Stellantis, Renault и Nissan велат дека нивни автомобили не се на бродот, а Toyota вели дека е малку веројатно некој нивни има таму.

Тесла не одговори на барањето на Блумберг за коментар.