Домаќинствата во Велика Британија со ниски примања наскоро ќе добијат 350 евра помош за струја, гас и храна од Фондот за поддршка на домаќинствата, објави Сан.
Loading...
За оваа помош можат да се пријават илјадници домаќинства, а точниот датум на пријавување ќе биде објавен за неколку дена.
Фондот за поддршка на домаќинствата е формиран во 2021 година, а средствата се даваат на локалните власти кои ги дистрибуираат.
Тие средства може да се платат во готово или како ваучери за пазарење кои се користат за плаќање на гас, струја и храна, пренесува Танјуг.
Домаќинствата кои годинава веќе добиле помош преку фондот нема да можат повторно да аплицираат до крајот на септември.