Британските научници против укинување на дел од мерките за Божик

Сподели со своите пријатели

Двете највлијателни научни медицински списанија во Велика Британија упатија апел до Владата да се откаже од планот за укинување на дел од рестриктивните мерки, воведени поради Ковид-19, пет дена околу Божик, поради ризик од преоптоварување на здравствените служби.

Loading...

Во своето второ заедничко соопштение на уредниците по повеќе од сто години „Бритиш медикал џурнал“  (British Medical Journal) и „Хелт сервис џурнал“ (Health Service Journal) наведуваат дека Владата треба да ги заостри мерките петте дена околу Божик, а не да дозволи контакти помеѓу членови од три семејства.

– Веруваме дека Владата наското ќе направи уште една голема грешка, која ќе не чини голем број животи. Доколку нашите политички лидери не преземат брза и одлучна акција, тие веќе нема да можат да тврдат дека ја штитат Националната здравстена служба (НХС), истакнуваат научниците.

Марина Илиевска

Leave a Reply