Британскиот метеоролог Хонор Крисвик оцени дека постои „поголема од просечната шанса“ за топлотен бран сличен на оној што ја погоди земјата минатата година, по извештаите дека островот може да очекува температури од над 35 степени во наредните месеци поради напад на африкански топлотни бранови.
„Exact Weather“ наведе дека топла воздушна маса ќе помине над Европа најверојатно во периодот од јуни до септември и дека температурите во Британија ќе надминат 30 степени, пренесе „Индепендент“.
Метеорологот од Националната метеоролошка канцеларија на Британија, Онор Крисвик, изјави дека таквото сценарио би било „без преседан, но не и невозможно“.
– Имавме слична синоптичка поставеност минатото лето, иако некои други фактори имаа ефект, па топлиот воздух дојде од југ и југоисток – изјави таа за лондонскиот весник.
Иако таа рече дека е неблагодарно да се прогнозира на долг рок, Онор рече дека има натпросечни шанси за топлотен бран да ја погоди Британија ова лето, што следи по „сè позагреваната клима“.
Во Британија минатата година рекордна температура од 40,3 степени е забележана во градот Конинсби, во Линколншир.