Британскиот премиер: Заврши „златното доба“ на односите со Кина

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека т.н „Златната ера“ на односите со Кина заврши, судејќи дека Кина станува се поголем предизвик за британските вредности и интереси.

Loading...

Во својот прв голем надворешнополитички говор, Сунак рече дека британскиот пристап кон Кина мора постепено да се менува и дека Пекинг „свесно се натпреварува за глобално влијание користејќи ги сите лостови на државната моќ“.

„Да бидеме јасни, таканаречената „златна ера“ е завршена, заедно со наивната идеја дека трговијата ќе доведе до социјални и политички реформи“, рече Сунак во финансискиот кварт на Лондон, мислејќи на описот на Велика Британија од 2015 година на поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската влада одлучна: Смртната казна останува

Еден дел од Конзервативната партија беше критичен кон Сунак, сметајќи го за помалку остроумен во однос на Кина од неговата претходничка Лиз Трас.

Минатата година, кога беше министер за финансии, тој повика на избалансирана стратегија кон Кина за да се балансираат грижите за човековите права со проширувањето на економските врски.

„Предизвик за британските вредности“

Сепак, планираната средба меѓу Сунак и кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на Г-20 овој месец на Бали пропадна, а Лондон минатата недела ги забрани кинеските безбедносни камери на „чувствителни локации“ во владините згради.

„Сфаќаме дека Кина претставува системски предизвик за нашите вредности и интереси, предизвик кој станува се поакутен додека се движи кон уште поголем авторитаризам“, рече тој, осврнувајќи се на најавата на Би-Би-Си за нападот од кинеската полиција на еден од нивните новинари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајфунот Усаги ги погоди Филипините, петта голема бура во последните три недели

„Се разбира, не можеме едноставно да ја игнорираме важноста на Кина во светските работи – за глобалната економска стабилност или прашања како климатските промени. Ова го разбираат и САД, Канада, Австралија, Јапонија и многу други“, рече Сунак.

Loading...

Тој рече дека Британија под негово водство нема да избере „статус кво“ и ќе им се спротивстави на меѓународните конкуренти „не со голема реторика, туку со силен прагматизам“.