Британскиот министер за правда поднесе оставка поради забава во Владата за време на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за правда Дејвид Волфсон поднесе оставка поради скандалот со забавите во седиштето на Владата и прекршувањето на прописите за затворање за време на блокадата воведена поради Ковид-19, соопшти портпаролот на кабинетот на премиерот.

Loading...

Оставката дојде откако премиерот Борис Џонсон и министерот Риши Сунак беа казнети поради присуство на забава во зградата на Владата за време на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, јавува Би-Би-Си.

 

Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена

 

Во писмото до Џонсон, лордот Дејвид Волфсон го критикуваше „официјалниот одговор“ на „повторените прекршувања на правилата“.

Волфсон е првиот човек што поднесе оставка од владата откако се појавија извештаи за забави за време на пандемијата и карантинот.

Волфсон рече дека постапките на премиерот не биле „во согласност со владеењето на правото“.

Loading...

 

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Тој додаде дека би било погрешно „ваквото однесување да остане неказнето, особено кога многумина во општеството ги почитуваат правилата и плаќаат висока цена, додека други се казнувани или кривично гонети за слични и понекогаш навидум побанални прекршоци“.

Адвокатот Лорд Волфсон е министер за правда од декември 2020 година, одговорен за човековите права и Уставот.

Џонсон изјави дека му е „жал што ја примил“ оставката на Лорд Волфсон и го пофали неговиот придонес во реформата на правниот систем, пренесува Би-Би-Си.

 

Loading...