Ракетните удари против Сирија, изведени минатата ноќ, имаат значително влијание на она што владата на сирискиот претседател Башар ал Асад може да го направи во иднината, изјави денеска британскиот министер за одбрана Гавин Влијамсон.
На прашањето дали Западот сега е во нова Студена војна со Русија, Вилијамсон вели дека односите со Москва се на ниско ниво, но истакна дека сака Кремљ го употреби своето влијание врз Асад за да се заврши сириската грѓаанска војна, пренесува Ројтерс.
Министерот исканал дека синоќешните напади врз Сирија биле многу успешни и дека сите британски единици безбедно се вратиле од задачата.