Плановите на британскиот премиер Борис Џонсон за масовно тестирање на Ковид-19, што може да доведе до повторно отворање на големи делови од економијата, попозната како „Операција за лансирање на Месечината“, веројатно ќе бидат неефикасни и скапи, соопштија денеска британските научници.
Според нив, плановите на Владата укажуваат на промена во стратегијата за „испитување и следење“, што е придружено со тешкотии при нејзиното спроведување, но дека скринингот на населението ќе донесе нови проблеми.
– Нема докази за скрининг. Доказите поврзани со тестовите во моментов се лоши и слаби и треба да се подобрат, изјави професорката Алисон Полок, клинички професор по јавно здравје на Универзитетот во Њукасл.
Полок, заедно со колегите од универзитетите во Бирмингем, Варвик и Бристол, предупреди дека неефикасните стратегии за тестирање и неточните тестови можат да ја загрозат довербата во тестирањето воопшто.
Тие истакнаа дека приоритет треба да биде подобрување на системот за тестирање и следење.
Пандорка Арсовска-Гацова