Британскиот министер за вооружени сили вчерашното бомбардирање на породилиштето и детската болница во Мариупол, на југоистокот на Украина, го нарече воено злосторство.
Зборувајќи за Би-Би-Си, Џејмс Хепи го опиша нападот како достоен за презир.
Русија се повлекува од Советот на Европа: Уживајте, но без нас
Тој рече дека без разлика дали станува збор за цел или неселективен напад, и двете се воени злосторства.
Тој додаде дека одговорноста на меѓународната заедница е да се погрижи да се соберат и евидентираат доказите, а кога ќе дојде време, овие луѓе да бидат кривично гонети пред меѓународните кривични судови.
„И ви ветувам дека ќе дојде време“, рече тој.