Британски генерал: Западот мора да се подготви за војна

Сподели со своите пријатели

Британскиот генерал Ричард Ширеф ја поддржа министерката за надворешни работи Лиз Трас која неодамна изјави дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина.

– Таквиот пристап треба да биде придружен со значителни ресурси. Тоа треба да се направи правилно, преку алијансата во целина – рече Ширеф.

 

Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа

 

Тој предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин може да одговори на тоа со агресија, но посочи дека ескалацијата е неопходна „за да се покаже дека Западот е сериозен“.

– Војната со Русија е најлошото сценарио, но подготвувањето за најлошото сценарио веројатно би можело да го одврати Путин, бидејќи тој ја почитува само силата – заклучил генералот.