Британската војска итно беше испратена во Естонија

Сподели со своите пријатели

Британската армија денеска по итна постапка е испратена на границата со Русија, поточно во Естонија, пренесува британски „Експрес“.

Loading...

Министерот за одбрана на Обединетото Кралство Џејмс Хипи попладнево потврди дека дополнителни британски сили биле испратени во Естонија „порано од планираното“, со цел да се удвои присуството на Велика Британија таму.

Војниците ќе бидат стационирани на неодредено време, со цел „да се смири еден од најблиските сојузници на НАТО“.

„Покрај борбената група на кралскиот тенковски полк, која е во Естонија веќе шест месеци, Кралската велшка група ќе пристигне во Естонија порано од планираното за да го удвои бројот на војници и тие сили ќе останат таму на неодредено време“, рече Хипи.

Тој додаде дека војниците ќе добијат засилување во форма на 12-та механизирана бригада, што, според него, значи дека Британија ќе има оклопна бригада во Естонија, што ќе го смири еден од најблиските британски сојузници во НАТО.

Хипи, меѓу другото, истакна дека владата планира да ги разгледа сите опции за поддршка на Украинците во следните неколку дена.