Британската армија објави снимка од нападот во Јемен: Зградата исчезна за секунда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од нејзиниот авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

Loading...

Зградата се гледа на нишанот на авионот, пред големата експлозија.

Тоа беше една од двете области што ги таргетираше Британија, според Министерството.

Потсетуваме дека американските и британските сили извршија напади врз бунтовниците Хути во Јемен во четвртокот вечерта.

 

 

Нападите биле лансирани од воздух и од море, а биле користени авиони, бродови и подморници. Нападот дојде откако Британија и САД предупредија дека „може да има последици доколку бродовите постојано бидат цел на Црвеното Море“.

Loading...

Функционерот на Хутите, Хусеин Ал Изи, изјави дека САД и Велика Британија „ќе платат висока цена“ по нападот врз позициите на бунтовничката група во Јемен.

Портпаролот на јеменските Хути изјави дека нема оправдување за оваа акција на САД и Велика Британија, пренесува Ројтерс.