„Не сум виновна, само ја проверував содржината на шолјите“, ова се зборовите што ги употребила една Британка која била обвинета дека на колегите им ставила мелени таблети вијагра во кафето, пренесува Гардијан.
Карен Бил (62) работела како чистачка во Енвирограф, фабрика која произведува производи за заштита од пожар во Довер.
Камерите ја снимиле како секојдневно додава и меша непознат прав во кафето што го правела за другите колеги.
Колегите се пожалиле на чудниот вкус и кашестата текстура.
Мешала кафе со ракавици на себе.
Полицијата пронашла две тегли со силденафил, лек за еректилна дисфункција што се продавал под брендот Вијагра.
Тие ги пронашле шишињата во канцелариите на две нејзини колешки, сметководителката Катрина Гравенор и секретарката Џин Смит.
– Количините на употребените таблети не се доволни за сериозно труење на луѓето, но констатирано е дека Бил имала злонамерна цел да им наштети на колегите, а можеби и на другите работници во фабриката – заклучиле од обвинителството.
Судењето продолжува.